Официјално: Милан доведе нов играч!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан во јануарскиот трансфер период беше доста активен, а вечерва е потврден уште еден трансфер.

Милан пред неколку денови го прати Нианг на позајмица во Вотфорд па стана јасно дека на Сан Сиро ќе пристигне офанзивен играч, а тоа е Лукас Окампос.

Окампос играше во Џенова како позајмен од Марсеј што и го комплицираше овој трансфер уште повеќе, но Милан се договори со францускиот клуб, па Окампос денеска ги помина медицинските прегледи.

„Окампос пристигна на позајмица до крајот на сезоната“ – изјавија во соопштение од клубот од Сан Сиро.

Окампос пристигна на позајмица до крајот на сезоната, а колку Милан плаќа за оваа позајмица сеуште не е познато, но наводно Милан на крајот на сезоната ќе го откупи неговиот договор.