Официјално: Поранешниот репрезентативец на Италија си најде нов клуб!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот италијански напаѓач Алберто Џилардино одлучи повторно да го смени тимот, па денес официјално  го напушти Емполи.

Поранешниот играч на Милан ќе остане во Пескара до крајот на оваа сезона.

Иако се шпекулираше дека тој кариерата ќе ја продолжи во Парма, сепак на крајот се одлучи за Пескара.

Џилардино е напаѓач кој во својата кариера смени голем број клубови, а најдобри резултати постигна со Милан со кој во 2007 година ја освои ЛШ.

Покрај Милан и Емполи, тој има играно уште за Пиаченца, Верона, Парма, Фиорентина, Џенова, Болоња, Гуангжу и Палермо.

За Италија одигра 57 натпревари и постигна 19 голови.