Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешниот шампион на Европа, Стеауа денес официјално го смени името.
На седницата на извршниот одмор на ФС на Романија донесена е одлука Стеауа да се вика од денес ФЦСБ.
Кратенката означува „Фудбалски клуб Стеауа Букурешт“, но поради забрана од војската на Романија, тие мораа да го сменат името.
Сепак, официјалната потврда стапи на сила дури денес.
Ова не е крај за проблемите на гигантот на Романија, кој би требало да биде исфрлен и од лигата, а сите свои играчи ќе му ги препушти на новиот клуб кој ќе биде создаден во лето и кој ќе се вика Стеауа.
Стеауа од Букуреш ја освои титулата во Европа пред 31 година, кога беше подобра од Барселона со 2:0 на пенали во 1986-та година.