Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наполи вчера се засили со бразилскиот фудбалер Леандрињо.
Станува збор за 18-годишен фудбалер кој игра на позицијата лево крило и кој за репрезентацијата на Бразил до 17 години постигна 11 голови во 16 натпревари.
Леандрињо претходно направи лекарски прегледи и беше во тренинг кампот на Наполи, а тој исто така може да игра и како десно крило или зад нападот.
Тој во досегашниот дел од кариерата играше за Понте Прета, а Густаво Валио изјави дека клубот не можел да го задржи во тимот.
„Претседателот Переира и јас бевме во Италија со генералниот директор на Наполи и ја договоривме сумата на трансферот. Фудбалерот изјави дека нема намера да игра повеќе во Понте и на крајот одлучи да ја продолжи кариерата во Наполи.“