Официјално: Реал Мадрид го ангажираше првото засилување! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По шокантниот пораз од Реал Сосиедад со 0-2, Реал Мадрид на социјалните мрежи објави дека е постигнат договор за ангажирање на првото засилување во јануарскиот преоден рок.

Како што се најавуваше во претходните недели, Реал Мадрид го донесе младиот Брахим Дијаз, кој на „Сантјаго бернабеу“ стигнува од Манчестер сити.

Дијаз ќе потпише шестиполгодишен договор, кој ќе завршува на 30 јуни 2025 година. финансиските детали не се објавени, но се шпекулира дека „кралевите“ ќе платат 15 милиони фунти.

Младиот фудбалер имаше договор со Сити до крајот на сезоната, кој не сакаше да го продолжи, па Реал доби многу талентиран фудбалер под реалната цена.

Инаку, прегледите се закажани за понеделник, а официјалното претставување е закажано за 13.30 часот.