Официјално: Рома го потпиша Патрик Шик


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Патрик Шик е сигурен дека го направил вистинскиот избор откако напаѓачот на Самдорија, потпиша за Рома.

Требаше да премине во Јувентус, но тоа не се случи, заинтересриан беше и Наполи, но ништо не бидна и од тоа, а денеска беше објавено дека тој е нов играч на Рома.

Се очекува тој во доцните вечерни часови да ги премине лекарските прегледи и да биде претставен официјлано од клубот.

Кога беше запрашан од новинарите дали го направил вистинскиот избор за неговата кариера, тој одговори:

„Среќен сум што ќе играм за Рома“

„Тие се вистинскиот избор за мене“.

Се очекува Римскиот клуб најпрво играчот да го позјами, но со опција за купување на крајот од сезоната, за цена од 38 милиони евра.