Официјално: Рома му врачи отказ на Ди Франческо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Рома денеска официјално потврдија дека Еузебио Ди Франческо повеќе не е тренер на клубот од  Рим.

Последниот пораз од Порто и елиминацијата од Лигата на шампионите ја прели чашата, па Ди Франческо заработи отказ.

„Од мое име и од името на сите во Рома сакам да му се заблагодарам на Еузебио Ди Франческо за неговите напори да го води овој клуб. Тој отсекогаш работеше професионално и го следеше интересот на клубот пред сопствениот интерес. Му посакуваме се најдобро во кариерата“ –изјави претседателот на Рома, Џејмс Палота.

Ди Франческо како играч на Рома го освои Скудетото во 2001 година, а минатата сезона постигна голем успех и како тренер на „Волчицата“ откако се пласира во полуфиналето во Лигата на шампионите, елиминирајќи ја големата Барселона во четвртфиналето.

Се верува дека наскоро на клупата на Рома ќе седне искусниот Клаудио Раниери кој ќе потпише договор со тимот до крајот на сезоната.