Официјално: Рој Хоџсон нов тренер на Кристал Палас

Од редовите на Кристал Палас потврдија дека Рој Хоџсон ќе биде наследникот на Франк де Бур.

Поранешниот селектор на англиската репрезентација со клубот од Лондон потпиша двегодишен договор.

„Ова е клубот од моето детство. Се сеќавам како го гледав како игра од терасата на Холмсдејл Роуд. Тогаш сонував да играм за нив, потоа исто така и како тренер“ –коментираше Хоџсон.

70 годишниот менаџер ќе има тешка задача по очајниот старт на Кристал Палас кој во првите четири кола забележа исто толку порази и не успеа да постигне ниту еден гол.