Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бразилскиот фудбалер Фелипе Мело и официјално го напушти Интер и својата кариера ќе ја продолжи во Бразил.
Мело веќе неколку недели беше на излезните врати од Интер и само се чекаше официјална потврда.
Утринава од Бразил официјално е потврдено дека Мело е нов играч на Палмеирас.
33 годишниот Мело, договор со Палмеирас потпиша до летото 2019 година, а после тоа изјави дека му е чест да го носи дресот на овој бразилски тим.
„Чест ми е што имам прилика да играм за голема екипа како Палмеирас. Овде дојдов да се изборам за место во екипата и да помогнам тимот да напредува. Ова е еден од најсреќните денови во мојот живот“ – изјави Фелипе Мело.
За Интер во првиот дел од оваа сезона одигра само 175 минути што беше знак дека Интер повеќе не смета на него.