Официјално: Форсберг е најплатен фудбалер на Лајпциг!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одличниот Швеѓанец го продолжи договорот со сензацијата од Бундеслигата до лето 2022 година.

Контроверзниот новајлија во Бундеслигата РБ Лајпциг направи денеска уште еден одличен чекор во обидот да бидат стабилен клуб.

Црвените бикови од источка Германија го продолжи денеска за уште година дена договорот со еден пд најдобрите фудбалери на овој тим Швеѓанецот Емил Форсберг кој се обврза да остане до јуни 2022 година.

Репрезентативецот на Шведска во досегашниот тек на Бундеслигата постигна пет голови и забележа девет асистенции, а претходните ти меча ги помина надвор од теренот поради суспензија после исклучувањето во дербито на есента во Минхен на крајот на декември.

Неговиот досегашен договор со Лајпциг истекуваше во лето 2021 гоедина, а со ова продолжување челниците на Ред Бул сакаат да покажат дека долгорочно сметаат на офанзивниот играч за врска кој со добрите партии привлече внимание на европските гиганти, пред се Баерн и Ливерпул.

Со новиот договор одличниот Швеѓанец ќе добие и годишна плата од 3 милиони евра, колку што изнесува најголемата плата што еден фудбалер на Лајпциг може да ја добие, а пропишана во клупскиот селери кап.

Првиот оперативец на Лајпциг Ралф Рангник е воодушевен со овој потег.

„Емил е апсолутно еден од нашите најдобро играчи и љубимец на публиката во Лајпциг. Игра инзвонредно сезонава во Бундеслигата, се чувствува убаво во клубот и во градот. Го продолжи договорот на уште дна година што покажува дека како клуб зазедовме јасен пат во која насока сакаме да се движиме во годините кои доаѓаат“, истакна Рангник.

И Емил Форсберг е задоволен.

„Се чувствувам одлично што го продолжив договорот за уште година. Чувствувам дека тоа е исправно, дека ме ценат во Лајпциг и сакам да постигнам многу работи со овој клуб во годините кои следат. Клубот е амбициозен и има огромен потенцијал, а јас сакам да придонесам за негов напредок во иднина“, порача Форсберг.