Официјално: Челси го доби најскапиот голман во светот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Управата на Челси реши да го пушти Тибо Куртоа во Реал Мадрид, но веднаш ангажираа негова замена и тоа од Атлетик Билбао.

Во Лондон пристигна 23-годишниот Кепа Аризабалага, кој потпиша договор со Челси на седум години, а „сините“ за неговиот потпис мораше да платат ненормална сума.

Челси вчера го урна рекордот за голмани, па сега рекордер е Аризабалага со 71,6 милиони фунти.

„Многу работи ме привлекоа во екипата. Освоените титули, играчите, градот и англиската Премиерлига. Многу ми е мило што во Челси решија да ми веруваат и ме ангажираа“, кажа Аризабалага.