Официјално: Чешмеџиев нов фудбалер на Шкендија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот репрезентативец на Македонија, Костадин Чешмеџиев е ново име во таборот на новиот шампион на Македонија.

22 годишниот фудбалер во Тетово пристигнува од Академија Пандев каде играше важна улога сезонава што измина и на 30 средби постигна три погодоци. Во својата кариера Чешмеџиев има настапувано и за Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Пелистер.

„Чест ми е што ќе бидам дел од Шкендија актуелниот шампион и освојувач на Македонскиот куп. Сакам да им се заблагодарам на одговорните лица во Шкендија за укажаната доверба. Чувството е прекрасно, потпишав за еден од најдобрите клубови во Македонија“- коментираше Чешмеџиев при официјалната презентација.