Официјално: Ѓорѓев потпиша за Твенте

Младиот македонски репрезентативец, Никола Ѓорѓев стави потпис на двегодишен договор со холандскиот гигант Твенте.

Ѓорѓев во Холандија ќе помине две сезони како отстапен фудбалер од редовите на Грасхоперс, а ако ги импресионира челниците на Твенте ќе добие и перманентен договор.

„Добивам шанса да играм во подобра лига од швајцарската. Трансферот во Твенте за мене е огромен чекор напред во кариерата. Чувствувам дека сум подготвен“- беа првите зборови на Ѓоргев по потпишувањето на договорот.

Ѓорѓев беше дел од младата репрезентација на Македонија на Европското првенство во Полска, а веќе има забележано и неколку настапи за сениорската репрезентација.