Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес се одиграа неколку натпревари во Суперлигата на Македонија.
Во првиот натпревар кој се играше на програмата Охрид го победи Вардар со 93:80.
Натпреварот започна одлично за тимот на Охрид кој ја доби првата ¼-на со 28:13, а во втората ¼-на се поправи малку тимот на Вардар, но тоа беше доволно само за негатива на полувремето и резултат 45:36 за Охрид.
Вториот дел продолжи доминацијата на Охрид кој стигна до 25:18 во третата ¼-на и во последната ¼-на која ја доби Вардар со 3 поени разлика, беше доволно за победа на Охрид од 93:80.
Најдобар во тимот на Вардар беше Калов со 25 постигнати поени додека кај Охрид најдобар беше Брукс со 32 постигнати поени.
Денес се играше и дербито помеѓу Работнички и Фени Индустри.
Натпреварот започна многу израмнето, односно по првата ¼-на Работнички имаше предност од 24:23, но потоа Фени заиграа подобро и на полувремето заминаа со предност од 44:41.
Вториот дел започна подобро за Работнички кој ја доби третата ¼-на со 25:23, а до крајот на натпреварот беше видено големо возбудување и на крајот резултатот беше 86:83 за Фени Индустри.
Најдобар стрелец на натпреварот беше Тасовски со 30 постигнати поени.
Останати резултати:
Струмица – Куманово 62:79
Кожув – Пелистер 83:71