Пад на векот – Од нов „Галактикос“ до човек „отпишан“ во Реал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најлошо е што никој не сака да плати ни блиску до тоа што бараат „Лос Бланкоси“.

Зинедин Зидан повеќе не смета на Џејмс Родригез. Поточно, ако остане на клупата, Французинот во наредната сезона не го сака Колумбиецот во екипата, инсистира да биде продолжен договорот со Иско, но и Аненсио наместо позајмица да остане и да добие значајна улога.

Родригез е прескап, имено е платен 80 милиони евра, а Флорентино Перез ќе мора да проголта баш голема загуба, реална цена на Колумбиецот е половина од тие пари. Тој ќе бара најмалку 60 милиони, а Марка направи анализа на клубовите кои го сакаат.

Ливерпул долго сака да го доведе, наводно сака засилување за Лигата на шампионите, но прашање е дали ги имаат тие пари да ги издвојат за еден играч.

Се зборува и за Челси, сепак мети на Конте се целосно други, додека Интер е најреална опција. Но, тој веќе во јануари го одби „Санинг“, а судејќи по се Интер ни во оваа сезона нема да игра во ЛШ.

ОД Жорж Мендеш се очекува дека може да го истурка овој трансфер кај Мурињо и таа приказна е стара, но, ни Јунајтед не сака да плати повеќе од 40 милиони, но ни Џејмс да биде дел од кусурот за Де Геа.

Кај Анчелоти Родригез играше, таткото на Колумбиецот рече дека Италијанецот можеше да го извлече најдоброто од неговиот син, но прашање е дали на Баерн треба.

Останува Јуве, но тие сигурно нема да платат ниту приближно до таа сума, ниту сакаат да слушнат понуда за Дибала.

Дури и да го продадат Аргентинецот во Реал, ќе ги бараат Иско и Мората со пари, па оваа комбинација е нереална.

ПСЖ наводно отпадна, тие се одлучија за Хулијан Дракслер.

Значи, најдобриот стрелец на Мундијалот, момче од 80 милиони, новиот Галактикос, а сега на маргините…