Палота: Во моментов преговараме со Барселона за Меси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По триумфот на Рома со 4-2 против Барселона во пријателски натпревар, претседателот на Римјаните, Џејмс Палота, откри неколку интересни информации.

„Сметам дека го имаме најдобриот тим во историјата, па ќе видиме што ќе се случи во наредната сезона“, вели Палота.

Исто така, Палота зборуваше и за трансферот на Роналдо во Јувентус, а притоа се пошегува дека преговараат со Барселона за Лионел Меси.

„Роналдо е фантастичен играч, но во Италија ќе биде многу потешко за него. Ние ќе пробаме да купиме ѕвезда, а во моментов преговараме со Барселона“, се пошегува претседателот на Рома.