Парадоксот на Гатузо – Кога најдобрата одбрана ќе испадне од лигата


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер, Џенаро Гатузо секогаш беше борец на теренот и прв кој ја „крши“ играта на противниците.

Сега е тренер на Пиза, а нешто од својата играчка „филозофија“ пренесе и на фудбалерите, кои имаа најдобра одбрана во Серија Б, но…

Пиза на 2 кола пред крајот во Серија Б и дефинитивно испадна во понизок ранг, но најголем парадокс е тоа што тие имаат најмалку голови примени во лигата.

Тие во 40 кола примија само 33 голови, а тоа е убедливо најмалку во Серија Б. Дури 14 пати голманите на Пиза не примија голови. Напаѓачите успеаа да постигнат само 23 голови и поради тоа тимот е на предпоследно место на табелата.

Тимот на Гатузо имаше само 6 победи и 20 реми резултати.