Парите не се проблем – Стигна БОМБА за Стротман!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кевин Стротман најверојатно ќе го напушти ова лето тимот на Рома.

Стротман оваа сезона се врати во голем стил откако долго време имаше проблеми со тешка повреда која се закануваше дека ќе му ја уништи кариерата.

Тој повторно е стандарден член на тимот, па повторно игра одлично.

За неговите услуги повторно се заинтересирани гигантите, а Јунајтед понудиле 40 милиони евра за него.

Да потсетиме, тој во 2013-та година беше блиску до Манчестер Јунајтед, но тогаш заврши во Рома.

Тој оваа сезона одигра 25 натпревари во Серија А и постигна 3 голови и 3 асистенции.