Парите ќе пресудат – Руни подготвен да замине од Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Капитенот на Јунајтед, Вејн Руни најверојатно ќе го напушти овој клуб на крајот на оваа сезона.

Руни неодамна доби понуда од Кина според која би заработувал скоро милион фунти неделно и би бил најплатен фудбалер во светот.

Англиските медиуми пишуваат дека Руни одлучил да ја прифати оваа понуда, но дека во Кина ќе замине по крајот на оваа сезона.

Тој стана најдобар стрелец на вечната листа на Јунајтед со голот против Свонси.

Руни има договор со Јунајтед до 2018 година, а моментално заработува по 250.000 фунти неделно.

Сепак, во Кина ќе заработува многу повеќе, а со оглед на тоа што не игра на нивото од пред 3 или 4 години, јасно е дека ова е одлична шанса за него.