Патот на вистинската легенда и вистинскиот шампион: „Кога ќе станам шампион, немој да ме барате!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во последните години Формула 1 го изгуби адреналинот кој го имаше во себе со години.  Во време кога не беа досадни правилата кои од Ф1 прават досадна претстава, постоеше едно големо ривалство. Ривалство кое, може да се каже, дека значеше одење во смрт, доколку тоа е потребно да го победите вашиот противник.

Постоеше еден возач кој не се грижеше за коментарите од своето семејство и пријателите. Тој беше претседател на најбрзиот циркус на Земјата. Возач кој живееше со огромни брзини, но и со правила.

Постоеше еден вистински шампион. Постоеше еден Михаел Шумахер пред вистинскиот Михаел Шумахер. Постоеше еден гениј. Неговото име сигурен сум дека на сите ви е познато.

Тоа е Ники Лауда.

Возачот за кој се има направено филм и напишано книга. Животот на Ники Лауда беше навистина луд. Тој не се грижеше за тоа дали луѓето го сакаат или не, се грижеше за тоа само како да победи на наредната трка. Се грижеше да биде најдобар. А дефинитивно може да се каже дека беше.

Постојат многу приказни за фудбалери или кошаркари кои доаѓаат од сиромашни семејства, а подоцна стануваат милионери и владеат со светот. Ники Лауда не беше ниту блиску до таква приказна.

Тој е роден во Виена во богато семејство. Неговиот дедо, Ханс Лауда беше познат бизнисмен од Виена.

Ники Лауда мечтаеше за формула 1, но одговорот на семејството се знаеше.

„Заборави на Формула 1. Твоја работа е да го продолжиш семејниот бизнис. Бизнисот кој го започна твојот дедо, а го продолжи твојот татко. Нема да возиш во Формула 1.“

Но Ники Лауда не ги прифаќаше толку лесно работите, не сакаше да се откаже од својата животна желба, па им врати со едноставен одговор.

„Во ред. Не ја прифаќам понудата. Заборавете на семејната работа, не мора никој да ми помогне. Ќе успеам сам. Само запаметете, кога ќе станам светски шампион, немој да ме барате. Тогаш нема повеќе да бидам ваш син, ваш внук, нема да бидам некој кој ќе ве познава.“

Следниот чекор на Лауда беше заминување во банка во Виена за да земе кредит за да си купи место во Ф1 тим. Тој успеа да влезе во Марч, но таа скромна екипа имаше лоша сезона, па набрзо пропадна.

На Ники Лауда му се сруши светот врз глава, но тој тука не се откажа. Одлучи да земе уште еден кредит и си купи место во БРМ тимот. Тој набрзо стана најдобар во тимот, но возилото на тимот беше премногу лошо, па Лауда кој имаше познавања во автомеханикат аи хидрауликата, заедно со својот тим од механичари го поправија возилот во БРМ кое напредуваше за 2 секунди на патеката.

Пресврт во неговата кариера беше кога Ферари го донесе неговиот колега од БРМ, Клеј Регацони. Тој набрзо им го препорача на Ферари, Лауда кој беше најдобар возач кого го познаваше, односно дека Ферари би биле во голема заработка ако го донесат во тимот.

Тоа и се случи. Ники Лауда потпиша договор со Ферари.

Една година по доаѓањето во Ферари, Лауда ја освои својата прва шампионска титула и тогаш на сите им стана јасно за каков возач станува збор. Слични карактеристики како Лауда, односно проучување на трката и познавање на авто-механиката, имаше неговиот ривал Џејмс Хант.

Откако Џејмс Хант потпиша за Мекларен, започна едно од најголемите ривалство во Формула 1 на сите времиња. Хант ја освои првата позиција на првите квалификации за првата трка во 1976 година, но подоцна Лауда успеа да победи.

Џејмс Хант беше огромен ривал на Ники Лауда. Тој беше многу полуда верзија од Лауда, но „без мозок“. Хант имаше храброст и не размислуваше за последиците на патеката.

Во текот на 70-те години во Формула 1 настрадаа голем број на возачи. Погодувате што следува…

Дојде трагичниот Нирбургринг. За тие кои не знаат, Нирбургринг е една од најопасните патеки во Ф1, а тоа воедно е трка на која починаа голем број на возачи. Иако Лауда имаше најдобро време на трката, тој ги советуваше останатите возачи да се одложи трката затоа што не беше возможно да се вози по такви услови.

Првиот ден од август 1976 година ќе остане запишан во историјата на Формула 1.

Во еден свиок, Лауда ја изгуби контролата врз својот болид и заврши во оградата покрај трката. Неговиот болид веднаш се запали, а потоа уште еден болид удри во тој на Лауда.

Во прв момент не делуваше дека Лауда има некои големи повреди, но подоцна се дозна дека тој одвај преживеал. Тој имаше тешки изгореници по лицето, а неговите гради беа оштетени бидејќи долго време дишел од отровните гасови.

Проблем претставуваше и кацигата која поради високата температура почнала да се топи.

Лауда по неколку часа беше во кома. Неговиот надворешен изглед беше целосно сменет.

И покрај тешките повреди на главата, Ники се врати на патеките по 6 недели од несреќата во Германија. Во светот никој не веруваше дека Лауда ќе се врати на патеката, бидејќи тој пред 6 недели имаше несреќа во која одвај спаси „жива глава“.

Веднаш потоа Лауда ја откри причината поради која се вратил на трката. Тој не можел да лежи во болки и да се рехабилитира поради Џејмс Хант. Поради нивното големо ривалство.

„На патеката, Џејмс Хант беше тежок противник. Во Формула 1 постојат добри и лоши возачи, но постојат и талентирани кои беа тешко да се победат. Хант беше еден од нив. Многу голема почит имавме еден кон друг. Во тие денови, да се седи во такви болиди и да се вози со брзини поголеми од 300 км/ч, а само еден од вас да направи мала грешка, тоа знаечеше дека некој може да загине.“

„Хант беше возач кој не можеа да го проучуваат. Жал ми е што не е со нас, бидејќи знам дека би уживал кога би го гледал филмот со нас.“

Ова беше коментарот на Лауда на премиерата на филмот „Раш“ кој се појави на големите платна пред 3 години и кој на најдобар можен начин го опиша ривалството помеѓу Хант и Лауда.

Лауда по само 6 недели се врати на трката, а новинарот Нигел подоцна изјави дека во Италија го видел Лауда во својот бокс и дека од главата му течела крв, бидејќи неговите рани сеуште не биле затворени.

Лауда на трката во Италија го освои 4-то место, а може да кажеме дека тоа беше најголема победа за него, затоа што се врати во неверојатен стил по големата несреќа која му се случи.

Последната трка за ГН на Јапонија требаше да го реши прашањето за новиот шампион. Се беше јасно. Ако Лауда не ја заврши трката, а Хант заврши помеѓу трите најдобри натпреварувачи, Џејмс ќе стане новиот шампион.

На големо изненадување на сите, Ники Лауда по само 2 круга ја заврши трката, а на своите конструктори им го кажа следново:

„Се откажав бидејќи проценив дека не сум способен да возач во вакви околности. Не гледав каде возам, бидејќи вода постојано би влегуваше во очите, а со оглед дека раните сеуште ме печат, тоа ми беше проблем. Не сакав овој пат да ризикува.“

Џејмс Хант ја освои титулата во Формула 1, но тоа беше единствена титула за него. Наредната година титулата се врати во рацете на Ники Лауда, кој подоцна освои уште една титула.

Хант почина на 45 години од срцев удар.

„За Џејмс една титула беше доволна. Си го докажа тоа на самиот себе и на сите тие кои се сомневаа во него. Секогаш живееше како да му е последен ден. Кога слушнав дека почина на 45 години од срцев удар, не бев изненаден. Бев многу тажен.“

„Мудар човек може да научи многу од своите непријатели, отколку будала од своите пријатели. Џејмс Хант е единствена личност на светот на која и љубоморев.“

Ники Лауда напиша неколку книги, а по неколку години по завршување на својата кариера, тој повторно се врати да работи во Ф1.

Ривалството на Ники Лауда и Џејмс Хант ќе остане запишано во историјата. Тоа беше период во кој не беше важно какви се правилата, туку најважно беше кој ќе стигне до победата, без разлика на последиците и се останато.

Ники Лауда е неверојатен возач од кого се откажало семејството и тој немал друг избор освен да земе кредити за да си го исполни својот сон.

Ники Лауда е еден од најдобрите возачи кои се појавиле во Формула 1.

Ники Лауда е вистински шампион!