Пато ги „запали“ своите фанови: Бразилецот се враќа во Европа!? (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскито напаѓач Александре Пато најверојатно ќе се врати во Европа, но овојпат во клуб од Островот.

Пато во моментов игра во Кина во Тијанџин, а пред неколку дена имаше интересна објава на Твитер, која ги заинтересира неговите фанови.

Пред неколку дена објави „смајли“ во вид на детелина, а многумина тоа го сфатија како знак дека се сели во Селтик.

А, денеска повторно ги „запали“ фановите, откако објави знакче на детелина и додаде Европа.

Шкотските медиуми пишуваат дека Пато ќе се пресели во Селтик, а дека наредната негова објава ќе го потврди тоа.