Пато се јави по шпекулациите дека ќе се врати во Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во претходниот период се шпекулираше во светските медиуми дека Александре Пато би можел да замине од Кина и да се врати во Милан.

Наводно, Пато се согласил и на намалување на платата само за да се врати на „Сан Сиро“, но преку социјалните мрежи се јави и Бразилецот со свој одговор.

„Јас никогаш не сум рекол дека го напуштам Тијанџин. Никогаш немам кажано дека се враќам во Сао Паоло или во Милан“, напиша Пато на Твитер.

Сепак, и понатаму се шпекулира за можното враќање на „Сан Сиро“, иако Бразилецот не демантираше контакт со својот поранешен клуб.