Пато сите го заборавивме, но следи негово големо враќање на фудбалската сцена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Милан, Александре Пато, би можел да се врати во редовите на некогашниот првак на Европа.

Со доаѓањето на Леонардо на местото спортски директор во Милан,се појави и можноста дресот на клубот од „Сан Сиро“ да го облече некогаш омилениот меѓу навивачите, Александре Пато.

„ЛЕонардо е човек со визија, кој ќе донесе стабилност во Милан. Во меѓувреме очекувам негов повик, па ќе видиме“ истакна Пато, кој во моментов настапува во Кина.

Пато од 2007 до 2013 година го носеше дресот на Милан и за тој клуб на 117 натпревари постигна 51 погодок. Подоцна во кариерата настапуваше за Коринтијанс, Сао Пауло, Челси и Виљареал, а во моментов игра во Тианјин.