Пеколниот план на Интер – Ова се седумте фудбалери со кои кинезите планираат да го нападнат скудетото


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Интер планира големо летно купување.

Според Кориере Дело Спорт, Интер планира големо летно купување. Клубот моментално се наоѓа под казна поради финансискиот ферплеј.

Како главно засилување во одбраната се споменува Маркињос од ПСЖ, а доведување на Манолас од Рома е план Б. Кога се работи на средината на теренот, метата е Марко Верати. Се проценува дека ПСЖ ќе бара 80 милиони евра за Верати, а за италијанецот наводно има интерес и од Реал Мадрид, Јувентус и Баерн Минхен. Во случај трансферот да пропадне, во Интер размислуваат и за Лукас Биља од Лацио и Лоренцо Пелегрини од Сасуоло.

Како главно засилување во нападот се споменува Федерико Бернардески за кој Интер на Фиорентина ќе и понуди помеѓу 40 и 50 милиони евра. Исто така во клубот ја следат ситуацијата со Алексис Санчез во Арсенал.