Пелистер доведе две засилувања - Дали следува напад на титулата?

Фудбалскиот клуб Пелистер потпиша со две засилувања со кои ќе водат борба за Европа.

Поранешниот напаѓач на Работнички, Баже Илијоски кој минатата сезона играше во малезискиот Келантан е нов напаѓач на Пелистер.

Вториот фудбалер кој потпиша за клубот од под Тумбе Кафе е Мартин Блажевски, поранешниот фудбалер на Тетекс. Блажевски ќе ја засили конкуренцијата во средниот ред на Пелистер.

Во следниот период од битолскиот клуб најавија уште 3-4 засилувања.