Пелистер со убедлив пораз од Лех Познањ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот на Пелистер претрпе убедлив пораз на гостувањето во Познањ и речиси сигурно ги загуби шансите за пласман во второто квалификациско коло од Лигата на Европа.

Пелистерци почнаа храбро, беа речиси рамноправен противник на големиот фаворит Лех, но за жал, за десет минути успеаја да примат три гола и со тоа да ги сведат само на теорија шансите за пласман понатака.

Најпрво во 28 минута Лех поведе со голот на Нилсен од белата точка. На 2:0 зголеми Шитум само две минути подоцна. Третиот гол за домаќините го постигна Мајевски со одличен гол од слободен удар.

Конечниот резултат го постигна Штиум со својот втор погодок во 57 минута од натпреварот.

Реванш натпреварот е за седум дена на стадионот „Младост“ во Струмица.