Пепе се враќа дома: Прашање на денови е неговиот потпис на новиот договор?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот португалски дефанзивец, Пепе се чини, нема долго да бара нов ангажман.

Кон крајот на 2018. година, контроверзниот Пепе спогодбено се разиде со Бешиктеш, а со оглед на тоа дека во меѓувреме се поврзуваше со преминување во Вулверхемптон, како што се наведува најблиску е до враќање во Порто.

Тоа е воедно клубот во кој 35-годишниот Пепе ја започна кариерата и стекна афирмација. Рекорд пишува дека преговорите на релација Пепе-Порто се на големо во тек, и дека некогашниот фудбалер на Реал, доколку дојде до договор, ќе потпише договор до крајот на сезоната и веројатно тогаш ќе стави точка на богатата кариера.

Пепе последен пат дресот на Порто го носеше 2007. година кога беше продаден во Реал за 30 милиони евра, а за тој тим играше следните десет години, додека потоа следеше трансфер во Бешикташ, што воедно е и неговиот последен клуб.

Пепе за време на епизодата во Бешикташ одигра 52 натпревари и успеа за тоа време како дефанзивец да постигне седум погодоци и да подели три асистенции. Причината поради која заминал како што се наведува се финансиите, бидејќи турскиот тим не успеа да осигура средства за неговата плата како и уште некои најплатени играчи, па разидувањето било неопходно.

За репрезентацијата на Португалија, вреди да се истакне дека досега одигра 103 натпревари.