Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Граѓаните убедливо се поразени на гостувањето на Кинг Пауер, на крајот за актуелните шампиони беше 4:2, во еден момент домаќините водеа со четири гола разлика, но гостите пред се благодарение на Коларов и Нолито кои го ублажија поразот.
Екипата на Гвардиола во декември сеуште не знаат за триумф, поразени се од Челси, ремизираа со Селтик во ЛШ, сега пораз и од Лестер.
Уште повеќе загрижива фактот, дека во ноември и октомври вкупно запишаа само четири триумфи на 11 натпревари.
Значи, ако во предвид земеме дека со Селтик ремизираа и на крајот на септември, во последните 15 натпревари Сити успеа да запише само четири триумфи.
Кога се земе и дека Агуеро ќе пропушти уште три дуели, како и дека Фернандињо поради казна која како и Кун ја заработи во финишот на натпреварот со Челси, ќе ги пропушти наредните два, делува дека Граѓаните се подалеку од титулата.
Во декември им следат уште четири дуели, прво го дочекуваат Вотфорд, а потоа го чекаат на Итихад Арсенал, а на 26 гостуваат на Хал Сити, а пред нова година, точно на 31 декември играат уште еден дерби, овој пат гостува на Итихад екипата на Ливерпул.
До натпреварот со екипата на Клоп ќе се вратат Кун и Фернандињо, а кога ќе погледнете како Лестер ги „прегази за само 20 минути, јасно е дека во наредните три дуели ќе биде незгодно за Гвардиола и неговите фудбалери, дури и на домашен терен.