Пеп на Итихад може да победи само една екипа!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Лоша статастика на Манчестер Сити на домашен терен.

Податок за верувале или не, Пеп Гвардиола не може да се пофали со формата на својата екипа на домашен терен.

Имено, со синоќешното реми со Селтик, дојде до четврто на Итихад на последните шест меча, покрај тоа има победа над Барса во ЛШ и пораз од Челси во ПЛ.

Имено, Сити од средината на септември кога на Итихад ја победи Борусија Мехенгладбах, а потоа и Борнмут, досега, како домаќин ја победи само Барселона!

Сити во Премиерлигата од 17 септември ги угости Евертон, Саутемптон, Мидлзборо и Челси и забележа четири реми и пораз, а во ЛШ ја победи Барса, а ремизираше со Селтик.

Речиси три месеци без победа на Итихад во ПЛ и само една во ЛШ, и тоа над Барса, не баш најдобра статистика за еден реномиран тренер како што е Пеп Гвардиола.