Пеп следи млад Италијанец?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скаутите на Манчестер Сити често во последните неколку месеци го следат развојот на млад италијански фудбалер.

Трансфери  на млади е се почеста работа во денешниот фудбал, тоа тврдење може само да го засили Пјетро Пелегри, италијански фудбалер кој е член на Џенова.

Пелегри има само 15 години, игра на позиција напаѓач, а заигра и за првиот тим кога Иван Јуриќ го повика во натпреварот против Торино, одигра цели две минути.

На тој начин, ова момче го израмни рекордот кој е на сила 80 години и кој го постави Амадео Амадеи уште во 1936 година, кога имаше 15 години и 280 дена.

Претседателот на Џенова истакна дека ова момче е нова верзија на Меси, што наведува на заклучокот дека тешко ќе се откаже во блиска иднина, бидејќи еден ден може да стане многу скап и да донесе голема сума на пари на екипата од Џенова.