Перез го одврзува кесето: Реал го доведува „новиот Бускетс“ за преку 50 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Реал Флорентино Перез веќе почна да го планира летниот преоден рок.

На Кралскиот клуб е намалена казната и само во зимскиот преоден рок имаат забрана за трансфери и сега тоа сака да го прослави во стил.

Така вториот човек на Реал Хосе Анхел Санчез наводно се сретнал во Мадрид со застапникот на играчот за врска на Борусија Дортмунд Хулијан Вејгл, кој наводно потпиша продолжување на договорот со црно-жолтите.

Сепак, тоа не е никаква гаранција дека Милионерите нема да го продадат ако стигне задоволувачка понуда.

Реал наводно е спремен да го одврзе кесето и да исплати на Борусија колку што бара, а тоа нема да биде под 50 милиони евра.

21-годишниот германски играч за врска е голем капацитет и вистинско засилување за Реал на средината на теренот, а го сака и Барселона.

Млад е, физички моќен, технички дотеран, со добар преглед на играта и брз пас па не чуди што многу го споредуваат со играчот за врска на Барселона Серхио Бускетс.