Перез има нови желби: Реал Мадрид купува двајца играчи од ПСЖ!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нема крај на шпекулациите за нови потенцијални засилувања на Реал Мадрид. Никој од новите играчи кои пристигнаа во клубот не доби шанса во првото коло, но тоа не значи дека претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез, нема да купува.

Маркос Алонсо од Челси е негова најголема желба за одбраната, а имаат подготвено понуда од 60 милиони евра, а очигледно нема ништо да има од Родриго бидејќи Валенсија сака 120 милиони евра.

Меѓутоа, сега се насочија кон фудбалери на ПСЖ. Доколку екипата од Париз ги купи Филипе Луиз, Иван Ракитиќ и некои други, тогаш Реал би можел да се обиде да го купи Џулијан Дракслер или Анехл Ди Марија.

ПСЖ би сакал да го продаде, но не е познато колку се сериозни во Мадрид за да го вратат назад нивниот поранешен играч.