Перез порача: Ок, ќе го пуштам Бејл во Јунајтед, но сакам еден ваш играч


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал очигледно сака на големо да го смени својот тим летово, па после Кристијано Роналдо, Перез е спремен да го пушти и Бејл, кој веќе долго време го сака Манчестер Јунајтед.

Тимот од Манчестер е спремен на се за да го ангажира Бејл, а веројатно ќе треба да направи голема жртва. Имено, Перез е наводно спремен да го пушти Велшанецот, но во спротивен правец го сака Ромелу Лукаку.

Перез смета дека тоа е идеална замена за Бејл, а Лукаку зад себе имаше навистина добро Светско првенство.

Да потсетиме, Лукаку минатото лето дојде на Олд Трафорд од Евертон, а Перез смета дека во Реал би можел да биде играч за во иднина, со оглед на тоа дека има само 25 години.

На ова додаваме дека Бејл после одлично одиграното финале во ЛШ им рече на новинарите дека добро ќе размисли што ќе прави понатаму во кариерата.