Перишиќ се отвори: Бев на чекор од Манчестер Јунајтед, еве што се случи…


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Крилниот напаѓач на Интер, Иван Перишиќ призна дека летото 2017. година бил блиску до преминување во редовите на Манчестер Јунајтед.

Тогаш низ медиумите доста се шпекулираше дека хрватскиот напаѓач ќе ја промени средината и ќе замине во Премиер лигата, но на крајот сепак остана во Интер.

Денес, нешто повеќе од една година, Перишиќ во разговор за магазинот FourFourTwo објаснува што се случило.

„Вистина е дека на маса имав понуда од Манчестер Јунајтед и бев блиску до заминување од Интер. Но, одлучив на крајот да останам. Спалети сакаше да има голема улога во тимот. Во фудбалот малите детали во овие ситуации можат да пресудат“, истакна Перишиќ.

За потсетување, тој оваа сезона запиша 178 настапи во сите натпреварувања и постигна два погодоци покрај две асистенции.