Пет екипи се против скратувањето на трансфер периодот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првите луѓе на англиските клубови денеска изгласаа за да се скрати преодниот рок и тој наредното лето во Англија ќе биде значително пократок.

Клубовите ќе можат да пазарат до почетокот на сезоната, а потоа ќе ја немаат таа шанса откако сезоната и официјално ќе започне.

Со тоа, на 9ти август 2017 ќе заврши преодниот рок, а после тоа клубовите единствено ќе можат да продават играчи.

Поголем дел од клубовите го прифатија овој предлог, а имаше такви и кои беа против. Тие беа 5 тимови, како Манчестер Сити и Јунајтед секако, а потоа Вотфорд, Свонси и Кристал Палас.

Сигурно оваа одлука ќе предизвика големи реакции на островот, особено од тимовите од Манчестер.