Пет играчи на Реал се побуниле против Роналдо?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кристијано Роналдо во 31 натпревари постигна 25 голови, но сеедно поедини фудбалери на Реал Мадрид се побуниле против него.

Оваа приказна ја донесува британскиот Експрес, кој тврди дека петмина играчи на Реал се побуниле против Роналдо и тоа кај претседателот Флорентино Перез.

Наводно  Лука Модриќ, Тони Крос, Матео Ковачиќ, Герет Бејл и Алваро Мората изразиле незадоволство поради Роналдо и сметаат дфека тој предизвикува некои лоши партии на Реал во оваа сезона.

Кој знае дали оваа приказна има навистина позадина, но секако тешко е да се очекува дека Перез, што другите да му зборуваат, да дозволи Роналдо да го напушти клубот, но многу богаташи едвај чекаат за такво нешто да се случи и Португалецот да го напушти Сантијаго Бернабе.

Да потсетиме дека Роналдо беше често на удар на навивачите во минатите недели поради слабата форма и слабото залагање на натпреварите.