Пике се сети на Рамос по големата победа!


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Жерар Пике испрати јасна порака до противниците на Барселона по големата и неверојатна победа против ПСЖ.

Тие успеаа да направат пресврт од 4:0 од првиот натпревар и со победа од 6:1 да поминат понатаму.

Пике имаше јасна порака по натпреварот, а посебно посвети внимание на Рамос од Реал.

„Постојат луѓе кои сакаа да не уништат, но овој тим сеуште не го кажа последниот збор. Ова е за тие кои не веруваа. Ова е за нашите ривали. Сакам вечерва ужасно да спијат, но утре сонцето повторно ќе излезе.“

Да потсетиме, Рамос имаше интересна изјава пред овој натпревар.

„Поубаво ќе спијам кога Барселона ќе испадне.“

Во ¼-финале покрај Барселона, таму се уште и Реал Мадрид, Дортмунд и Баерн Минхен.