Пике со политички говор по „Ел Класико“: Треба како новинари повеќе да знаете за затворениците отколку за ВАР…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џерард Пике се наоѓа во центарот на вниманието кај шпанската јавност, но не поради настапот на мечот против Реал Мадрид туку поради својата изјава по „Ел Клаисико“.

Барселона синоќа избори пласман во финалето на Купот на кралевите откако со 3:0 славеше на „Бернабеу“ против Реал Мадрид. По мечот Пике ја искористи шансата да се осврне и на политичката ситуација во Шпанија што е тема на денот.

Пике се изненади кога виде голем број на новинари и камери во микс зоната, а потоа со својата изјава ги шокираше сите присутни бидејќи почна да зборува за каталонските политичари.

Многумина политичари се приведени поради обид за референдум за Каталонија да се одвои од Шпанија, па сега се во затвор или бегство. Сепак, јасно е дека еден таков фудбалер не би смеел да зборува за работите кои немаат врска со фудбалот.

„Кога овие шпански телевизии кои се сега овде би се позанимавале повеќе со политичките затвореници, а со ВАР тогаш Шпанија би била подобра земја. Тоа што ним им се прави не е коректно и сите би требало да знаете повеќе за тоа“, истакна дефанзивецот на Барселона.