Планот на Галијани – Ќе навива за Јуве 36 пати во сезоната!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И тоа не поради тоа што додека не го запозна Берлускони бил голем навивач на Бјанконерите, веќе сосема друга работа.

Милан е во проблеми. Два натпревари, еден бод, не само дека се оддалечени од ионака нереалните соништа за тиула, веќе сега е јасно дека ги охрабиле конкурентите.

Ако земеме во предвид дека Рома и покрај поразот во Торино можеше, со оглед на играчкиот кадар да смета на второто место, после целото одиграно падна на петтото место.

Од засилувања нема ништо.

„Ќе направиме малку, или ништо“, призна Галијани бидејќи пари нема, а Кинезите нема да го преземат клубот се додека не заврши преодниот рок.

Екипата го чека Суперкупот во Доха против Јувентус, реално, иако Милан смета дека е натпревар на годината, се чини дека во овој момент тоа е неважно, јануарскиот преоден рок е многу поважна работа.

Бака нема да биде продаден, останува во клубот, ако се верува на Галијани, што значи дека пари за трансфери нема.

Галијани има план?
„Ќе навивам за Јуве 36 пати од 38 натпревари“, се пошегува главниот оперативец на Милан.

Тоа значи дека Јуве ќе ги победува конкурентите и така ќе ја олеснува работата на Милан.

Од друга страна, Монтела е незадоволен бидејќи е јасно дека тимот нема решение во средниот ред, Бертолачи е промашување, кога Сусо нема ден, а Шпанецот падна во формата, ја нема ни потребната креативност, Милан во саботата тивко напаѓаше, но немаше видлива разлика во однос на Аталанта која сепак е тим за средината на табелата.