Плата од 120.000 долари, куќа во мирен кварт и блиндиран SUV!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според медиумите, Дидие Дрогба е на прагот да потпише договор со Коринтијанс, а се појавија и деталите од договорот…

Дидие Дрогба има 38 години, но и понатаму го сакаат некои тимови. Од 2012 година кога со Челси ја освои титулата во Европа и замина во Кина, овој играч играше за Шангај, Галатасарај, па се врати во Челси, а последните година и половина ги играше во Монтреал.

Но Дрогба и понатаму може да игра, а овој пат би се преселил на својот 4-ти континент. Играчот е пред потпис со Коринтијанс, а медиумите ги објавија деталите од договорот.

Дрогба треба да заработува по 120.000 долари месечно, а во договорот ќе добие и куќа во мирен кварт и блиндиран автомобил.

Дрогба ќе добие и 6 луксузни авионски карти за Европа кои ќе може да ги искористи кога ќе сака. А постојат и дополнителни бонуси..