Повеќе од 200.000 потписи за повторување на натпреварот помеѓу Барселона и ПСЖ!


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Впечатоците по натпреварот и понатаму не се губат. Навивачите на ПСЖ не можат да го прежалат поразот од 6:1 и спортните одлуки на Ајтекин, па на интернет започнаа петиција за повторување на натпреварот.

Акцијата на навивачите на ПСЖ привлече повеќе од 200 илјади потписи, кои се сложија дека е потребен уште еден натпревар.

Олмедо ја започна петицијата, а во описот нагласи дека „судијата Дениз Ајтекин сериозно го оштети ПСЖ на натпреварот против Барселона.“

Барселона во првиот натпревар беше поразена со 4:0, но во реваншот направија историја и успеаа да победат со 6:1 и така да се пласираат понатаму.