Повреда на Игуаин, Сандро го реши дербито во Торино! (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Јувентус многу се мачеше во Торино, но на крајот сепак дојде до важна победа од 1-0.

Јувентус во гости кај градскиот ривал стигна до 21-та победа и повторно е на врвот со 65 бодови.

На почетокот на мечот се повреди Игуаин, а на негово место влезе Бернардески. Сепак Јувентус стигна до предност во 33-та минута кога Сандро погоди во голот на домаќините.