Погба и Михтаријан незадоволни во Јунајтед?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Како што пишуваат британските медиуми летните засилувања на Манчестер Јунајтед Пол Погба и Хендрик Михтаријан се незадоволни на позициите на кои играат.

Михтаријан во минатата сезона во Борусија Дортмунд блескаше како централен играч за врска во триото позади центарфорот, а за што сведочи и одличниот учинок од 23 гола и 32 асистенции на 52 меча во Бундеслигата, Купот на Германија и Лига Европа.

Од друга страна ерменскиот фудбалер кај Мурињо игра крило, додека на позиција централен играч за врска е Вејн Руни, кој има посебен статус во клубот.

Мурињо по повод тоа рече:

„Прикажаните игри се одлучувачки фактор. Единствено на основа на тоа можам да одлучам кој ќе игра во првиот состав. Ако ме прашувате дали тој ќе стартува во четврток против Фејенорд (во Лига Европа), одговорот е не. Не затоа што јас така велам, туку затоа што морам да пружам шанса на тие кои подобро покажуваа“.