Погба на своја адреса доби емотивна порака: Дали неговиот соиграч од Јувентус, најави сензационален кам бек?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус и Јунајтед повторно ќе ги измерат силите, овојпат домаќин ќе биде италијанскиот клуб, а домашните навивачи се надеваат на слични резултати од Манчестер.

Погба се враќа на местото каде се прослави, а веќе доволно е комплицирана ситуацијата околку неговата кариера во Манчестер, Мехди Бенати успеа уште повеќе да ја искомплицира или можеби да ги реши сите мистерии?

Се споменува дека Погба би можел да го напушти Јунајтед. Разни опции се во игра, а помеѓу останатото и враќање во Јувентус. Навивачите се поделени, има и такви кои би сакале да го видат повторно во овој дрес, но јасно е дека клубот од Торино мора да подготви огромна сума на пари за да се реализира овој трансфер.

Погба објави слика на Инстаграм и напиша: „Емотивно враќање во Торино“, а дефанзивецот на Јувентус Мехди Бенати напиша коментар:

„Врати се дома, брате“.

Ова сепак не е така обично добредојде, повеќе звучи како покана. Дали можеби со оваа порака 30-годишниот дефанзивец сака нешто да каже?

„Добро ми е во Јунајтед. Јас сум под договор со овој тим и сакам да победам во овој дрес, но во иднина никогаш не знаете што ќе се случи“, истакна Погба на прашањето дали би се вратил во Јувентус и дополнително ја подгреа оваа ситуација.