„Погба сака да се вратам во Јунајтед“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот фудбалер, Аднан Јанузај изјави дека Пол Погба сакал да се врати во тимот на Манчестер.

Јанузај моментално се наоѓа на позајмица во Сандерленд каде што игра стандардно во првиот тим. Тој и Погба заедно играа порано во Јунајтед и беа многу добри другари.

„Пол е одличен фудбалер. Имаше многу тежок избор минатото лето, но одбра да се врати. Тој ми е многу добар пријател. Во Јунајтед секогаш се дружевме. Тој ми е како брат. Исто така, тој сакаше да се вратам во Јунајтед.“

Јанузај има договор до 2018 година со Јунајтед и најверојатно наредното лето ќе биде најважно за неговата иднина.