Подгответе се за спектакл: „Ел Класико“ на мегдан три пати во само еден месец…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес во просториите на Фудбалскиот сојуз на Шпанија е оддржана ждрепката за полуфиналните парови во Купот на Кралевите.

Како што можеше да се посака во оваа фаза на натпреварувањето ќе го следиме Ел Класико, средбата помеѓу Барселона и Реал Мадрид. Во вториот меч ќе играат пак, Валенсија и Реал Бетис.

Првата средба помеѓу Барселона и Реал на распоредот е на 6. февруари на стадионот „Камп Ноу“, додека реваншот ќе биде одигран на 27. февруари на Сантијаго Бернабеу. Инаку, овие две екипи на 3. март ќе го одиграат и третиот меч во оваа година бидејќи ќе се сретнат во рамки на шпанската Ла Лига на Бернабеу.

Секако дека обата тима имаат пеколен распоред во следниот период, со оглед на тоа дека наскоро продолжуваат и во Лигата на шампионите. За потсетување, Кралевите во осминафиналето ќе играат против Ајакс, а Каталонците против Лион.