„Подобар играч сум отколку што бев пред две години“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Челси Еден Азар игра во спектакуларна форма во оваа сезона, а со својот тим суверено го држи првото место во Премиер лигата.

Азар е предводник на Челси и сосема е јасно колку добар Азар значи за целата екипа, што можеше да се види во минатата сезона кога беше под своето ниво, а Сините останаа без Европа.

Својата досега најдобра сезона во Англија Азар ја имаше пред две години. Во таа сезона 2014/15 година, Челси ја освои титулата а Азар со учинок од 14 голови и девет асистенции беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата, а сега тврди дека е уште подобар играч.

„Не сум само во добра форма, веќе целиот тим. Пред две години блескав, беше самиот “врв“ но мислам дека сега сум подобар играч и можам да постигнувам повеќе голови.

 Ќе видиме дали така ќе биде, уште доста се натпревари до крајот“, рече Азар.

Еден Азар во Премиер лигата е моментално со учинок од десет голови и три асистенции.