Познатата балканска старлета, која беше во љубов со Нејмар тврди: Тој вечерва нема да постигне погодок?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во рамки на 6. коло од Лигата на шампионите вечерва во Белград, силите ќе ги одмерат домаќинот Црвена Звезда и францускиот шампион ПСЖ.

Во пресрет на последната средба во групата Ц, актуелниот српски шампион има уште надеж за пласман во нокаут фазата, а се очекува најголемиот стадион во Србија да биде исполнет до последното место.

Вечерашниот дуел првилекува многу внимание во српските медиуми, а за Телеграф за истиот зборуваше и српската старлета Сораја Вучелиќ, која своевремено се поврзуваше со најголемата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар.

„Знам дека вечерва е мечот, но нема да го гледам. Навивам за Звезда и очекувам добар резултат. Не се разбирам многу, но се надевам дека ќе биде 2:1 за Звезда“, истакна Сораја.

„Нејмар? Мислам дека нема да постигне гол, иако никогаш не се знае“, додаде старлетата за која се зборуваше дека е во љубовна врска со Нејмар, а на Инстаграм објави нивна заедничка фотографија.