Позната е новата дестинација – Хунтелар дефинитивно го напушта Шалке!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Шалке, Хунтелар изјави дека на крајот на сезоната сигурно ќе замине од тимот.

Тој 33-годишен фудбалер во последно време игра се помалку и се подготвува за нова авантура во кариерата.

„Работите во Шалке не одат како што сакав. Ова е моја последна сезона во клубот.“

Медиумите пишуваат дека тој ќе се врати во Ајакс, за кој настапуваше од 2006 до 2009 година.

Во својата богата кариера, тој играше за ПСВ, Херенвен, Ајакс, Реал Мадрид и Милан, а за Холандија одигра 76 натпревари и постигна 42 голови.