Позната е судбината на Карлос Бака во Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот клуб сака да го задржи својот напаѓач.

Извршниот директор на Милан Адријано Галијани ги демантираше гласините дека Карлос Бака ќе го напушти Сан Сиро во оваа зима.

Бака се доведуваше дури и во врска со Барселона, која во спротивен правец може да го испрати Пако Алкасер.

„Бака не е на продажба. Повторувам, нема шанса да го продадеме, тој не е достапен на пазарот“, рече Галијани.

Бака во Милан стигна во летото 2015 година од Севиља, досега одигра 56 мечеви и постигна 26 голови во дресот на Милан.